Гроси: Се надевам на договор за нуклеарната централа Запорожје до крајот на годинава

Од:

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) се надева дека ќе постигне договор со Русија и Украина за создавање на безбедносна зона околу нуклеарната централа Запорожје до крајот на годината.

– Мојата заложба е што поскоро да се постигне решение. Се надевам до крајот на годината, изјави генералниот директор на МААЕ Рафаел Гроси за италијанскиот весник „Република“.

Гроси не ја исклучи можноста да оствари средби со претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски.

– Нашата цел е да избегнеме нуклеарна катастрофа, а не да создадеме воена ситуација од која ќе има корист едната или другата страна, додаде генералниот директор на МААЕ.

Најголемата нуклеарна централа во Европа произведуваше околу една петина од електричната енергија во Украина пред руската инвазија, а по почетокот на војната беше окупирана од Русија и неколкупати беше принудена да работи на резервни генератори.

Бројните гранатирања во областа ги зголемија стравувањата за потенцијален голем инцидент на само 500 километри од Чернобил – местото на најтешката нуклеарна несреќа во историјата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли