Границите во Европа се поважни од човечките животи

Од:

Меѓународната организација за заштита на човековите права „Амнести интернешнал“ во својот најнов извештај пишува дека за повеќето европски влади, границите на држвавите им се поважни отколку зачувување на човечките животи.

Отворањето на петиција на Интернет, со која од Европскиот парламент се бара да ги повика на одговорност владите и институциите во ЕУ за однесувањето кон мигрантите се поклопува со објавувањето на извештајот.

„Амнести интернешнал“ укажува дека кампањата ја повикува на одговорност секоја земја во Европа што ги крши човековите права при спроведувањето на контрола на миграцијата.

Извештајот тврди дека Европа денес не успева да го подобри почитувањето на правата на мигрантите, азилантите и бегалците. Малтретирањата често минуваат неказнето, а насилствотот е раширено насекаде.

Според извештајот во неколку случаи Италија вратила луѓе во Либија, каде се затворани и малтретирани. Во документот се наведува дека во текот на 2011 година најмалку 1.500 лица, меѓу кои жени и деца се удавиле во Средоземното Море во обид да стигнат до Европа.

„Амнести интернешнал“ смета дека одредени смртни случаи можело да бидат спречени доколку спасувачките операции биле побрзо извршувани.

– Во обид да спречат илегална миграција, европските земји ги зајакнаа мерките за заштита на границите и надвор од нивните рамки без разлика на губењето човечки животи, изјави Николас Бегер, директор на канцеларијата на АИ во европските институции, предупредувајќи дека овие мерки ги изложуваат луѓето на ризик од сериозно злоставување, далеку од очите на јавноста.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија