Градоначалникот на главниот град на Венецуела Каракас, Дарио Вивас, почина од последици од новиот коронавирус, објави на Твитер јавниот обвинител на земјата, Тарек Вилијам Саб.
– Многу ни е жал што замина нашиот добар пријател и посветен револуционер Дарио Вивас, со кој се боревме на улиците на Каракас од 80-тите години да го одбраниме нашиот народ и нашата земја, напиша Саб на Твитер.
Блискиот пријател на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, 70-годишниот Вивас, на 19 јули објави дека е позитивен на Ковид-19. Тој е првиот висок венецуелски претставник кој почина од последици со новиот коронавирус.
Во Венецуела со Ковид-19 се инфицирани 29.088 лица од кои досега починале 247.