Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Од:

Владата на Венецуела разреши неколку заменици-министри за нафта и одборот на директори на државната нафтена компанија ПДВСА.

Промените уследија по минатонеделната реконструкција на кабинетот, кога Министерството за нафта го доби вицепремиерката Делса Родригез, објави Ројтерс.

По тој повод за нов претседател на ПДВСА беше назначен Хектор Обрегон.

Венецуела е земја со најмногу воспоставени нафтени резерви во светот, а по укинувањето на американските санкции во октомври, таа земја започна интензивно да работи со цел да произведува еден милион барели нафта дневно, објави Би-Би-Си.

Оваа членка на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) го зголеми извозот на нафта во првата половина од годината во голема мера благодарение на дозволите што САД ги издадоа на партнерите на венецуелскиот државен производител ПДВСА.

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот

Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС – 95