Градоначалник во Гватемала линчуван од противнички политички приврзаници

Од:

Градоначалникот на еден град во Гватемала е линчуван од група локални жители кои го обвиниле дека наредил да се нападне неговиот политички противник.

Толпа гневни луѓе, прво го претепале градоначалникот Базилио Хуракан, а потоа го потпалиле и го оставиле да гори.

Линчот се случил во градот Косепсион, во провинцијата Солола, сто километри западно од главниот град Гватемала сити.

Гневните жители на градот, верувале дека нивниот градоначалник е организатор на вооружениот напад во кој биле убиени две млади девојки, а други пет лица биле повредени.

На минатомесечните локални избори во Консепсион, градоначалникот Хуракан го поразил противкандидатот на изборите, но тој одбивал да ги прифати изборните резултати.

Го обвинувал својот политички противник дека изборите се лошо организирани, се сомневал дека се намесетени и го обвинувал Хуракан за злоупотреба на општинските фондови.

Во неделата, непознати вооружени лица го нападнале поразениот кандидат на изборите, додека патувал со автомобил. Во нападот биле убиени неговата 17 годишна ќерка и нејзнината братучетка, а тој и уште четири други лица во возилото останеле повредени.

Жителите на градот, приврзеници на поразениот кандидат на изборите, гневно реагирале на вестите за нападот, а најагресивните од нив, тргнале кон куќата на градоначалникот за да се пресметаат со него.

Кога го пронашле, го претепале и оставајќи го без свест, го потпалиле. Потоа тргнале низ градот и потпалиле уште неколку згради на негови роднини.Интервенирала полицијата, но таа не успеала да му го спаси животот на градоначалникот.

Гватемала е една од земјите во Латинска Америка со највисок процент на насилство и на вооружени пресметки, но ова е прв пат, на вакоа брутален начин, да биде убиен еден избран локален функционер.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,4 степени ја погоди Гватемала

Горан Наумовски

Камионет падна во провалија во Гватемала, загинаа 17 лица

Ана Ололовска

Гватемала осуди поранешни војници на 30 години затвор поради силување домородни жени

Ана Ололовска

Претседателот на Гватемала воведе вонредна состојба на северот од земјата по насилните протести против рудниците за никел

Ана Ололовска

Во Атина запленија 350 кила кокаин сокриен во вреќи со кафе од Гватемала

Жарко Настоски

Седуммина загинати во бунт во затвор во Гватемала

Ана Ололовска