Градоначалниците на европски метрополи насамарени, разговарале со лажен Кличко

Од:

Градоначалниците на неколку европски метрополи беа измамени да учествуваат во видео повик со градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Градоначалничката на Берлин Франциска Гифи во петокот учествуваше во закажаното интервју на платформата за видео конференции Webex со личност за која рече дека изгледа и звучи како Кличко.

„Немаше знаци дека видео-конференцијата не била одржана со вистинска личност“, се вели во соопштението од нејзината канцеларија.

Дури по 15-тина минути наводниот градоначалник на Киев од другата страна на линијата почна да зборува за проблемот со украинските бегалци кои ја мамат германската држава, а потоа Гифи се посомнева. Кога врската накратко била прекината, кабинетот на градоначалникот на Берлин го контактирал украинскиот амбасадор во Германија, кој преку властите во Киев потврдил дека лицето во видеоповикот не е вистинскиот Кличко, пишува весникот „Шпигел“.

Истиот проблем го имале и во кабинетот на градоначалникот на Мадрид, по што случајот бил пријавен во полиција.

Градоначалникот на Виена, Мајкл Лудвиг, минатата среда на Твитер објави дека разговарал со пензиониран боксер од Украина. Твитот денеска беше избришан, а австриските власти објавија дека Лудвиг бил жртва на „сериозен случај на сајбер криминал“.

Би можело да ве интересира

Во Виена: Убиена млада мајка по потекло од поранешна Југославија

(ВИДЕО) Големи судири меѓу полицијата и демонстрантите во арапскиот кварт во Берлин, има многу повредени

Горан Наумовски

Војската излегува на улиците во Виена: Австрија го зголеми нивото на закана од тероризам

А1он

Два молотови коктели се фрлени врз синагога во Берлин

Горан Наумовски

Пукање во Виена: Ранети четири лица

Ново правило во Берлин: Градот ќе одредува колку луѓе можат да изнајмат стан