Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун испрати тим експерти во Франција, кои треба да научат да го подготвуваат неговото омилено сирење.
Во текот на студиите Ким престојувал во Швајцарија неколку години, па сирењето „ементал“ станало негова опсесија и омилено јадење.
Личните готвачи на севернокорејскиот лидер се обиделе да направат нешто слично, но обидот бил безуспешен. Поради тој повод, тројца готвачи ќе поминат неколку месеци на обука и ќе се вратат во државата со совршен рецепт.
Се уште не е познато дали ново јадење ќе му биде достапно само на Ким Џонг Ун или тоа задоволство ќе им го овозможи на своите сограѓани.
Е. Г.