Горбачов предупредува на можна голема војна во Европа ако не се намалат тензиите заради Украина

Од:

Поранешниот советски претседател Михаил Горбачов предупредува дека тензиите меѓу Русија и европските сили околу украинската криза, може да предизвикаат голем конфликт, па дури и нуклеарна војна.

Во интервју за Шпигел Горбачов вели: – Нема да преживееме ако на некого не ми издржат нервите во таа исклучително тензична ситуација.

– Тоа што го кажувам, не е нешто бесмислено. Многу сум загрижен, вели Горбачов (83).

Тој упати предупредувања за вмешувањето на Западот во Украина.

– Новата Германија сака да се вмеша секаде. Во Германија како што изгледа има многу луѓе кои сакаат да формирање нова подлеба во Европа, нагласува Горбачов.

Тој веќе предупредуваше за нова Студена војна и потенцијални тешки последици ако тензиите заради украинската криза не бидат намалени.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17