Големите сили сега војуваат со бури и пожари

Од:

Вечерње новости – Белград

Силни временски непогоди, поплави и огнени стихии го погодуваат населението ширум планетата, а човекот се обидува да ја преземе улогата на природата, но сепак за тоа не е дораснат.

Нема човек што денес не се прашува што се случува со климата. Зошто природата се менува? Од година во година расте бројот на временските непогоди, а метеоролозите главно како вина го наведуваат глобалното затоплување. Дали човекот длабоко допира во природата, во нејзиното срце, па зимата повеќе не е зима, а летото повеќе не е лето?

Во текот на неодамнешните бури во Москва и Подмосковје загинаа десетици луѓе и најмалку уште толку се повредени при паѓањето на дрва врз автомобили и минувачи. Метеоролози најавуваат и други климатски промени, а мистификаторите шират приказни дека е можно големите сили да водат „климатска војна”.

– Интензивирање на сушите и дождовите делува парадоксално, а по големото невреме кое ја погоди Русија, многумина се убедени дека е можно да се влијае на климатските промени, вели за „Новости” др. Владимир Ѓурѓевиќ, доцент на Институтот за метеорологија на Физичкиот факултет.

– Но поради сложеноста на атмосферскиот и климатскиот систем, никој до сега не успеал да управува со климата на каков било начин. Ако е така, би имал моќ да ги контролира временските прилики на целата планета, додава тој.

Меѓутоа, докторот на воени науки Константин Сивков преплаши многумина кога пред две години објави текст за „мега-оружјето на Кремљ” во кој тврди дека може да предизвика гигантско цунами што може да го уништи крајбрежјето на САД. Освен тоа, Сивков смета дека може да се активира супервулканот Јелоустоун. Текстот прво беше објавен во „Военоиндустриски Курир”, а потоа го пренесоа многу весници.

– Русија се простира на евроазискиот континент и голем дел од нејзиното население живее далеку од морето, затоа не и се заканува цунами. На друга страна, над 80 отсто од жителите на САД живеат во крајбрежните региони, а во тие делови е и главната индустрија на оваа земја. Веќе се покажа какви проблеми може да направи ураган кога „Катрин” го поплави Њу Орлеанс, вели Сивков.

Руските научници уште кон крајот на 80-те години на минатиот век тврдеа дека можат да гарантираат убаво време над Москва додека се одржува парадата и други јавни собири. Убаво беше и времето во текот на Олимписките игри во Москва.

– Кога пред неколку години во Русија беше организиран состанок на претставниците на најразвиените земји, договорено е сите учесници да се сликаат надвор. Еден од нив рекол да останат внатре бидејќи ќе врне. Претседателот на Русија Владимир Путин му одговорил да не се грижи бидејќи покренале „машинерија” која ќе ги спречи облаците. Излегле надвор и ги наврнало силен дожд. Ова е уште една потврда дека временските прилики не можат да се контролираат. верува Ѓурѓевиќ.

Силата на она што ние го нарекуваме невреме навистина е голема, а контролата над климата, според нашиот соговорник, би била моќно разорно оружје.

– На некои елементи на времето може да се влијае во теоријата, но не и во стварноста. Со „посејување” на одредени супстанции може да се предизвика од облак од кој не би врнело, да почне да врне или обратно, објаснува тој.

Но, атмосферата е многу сложен систем и никогаш не сме сигурни што треба да направиме. Температурата на планетата расте поради зголемувањето на концентрацијата на гасовите, што го предизвикува ефектот на стаклена градина. Процесите за отстранување на јаглерод диоксидот од атмосферата се многу бавни. Денес концентрацијата на ЦО2 е за 40 отсто поголема од што била пред 150 години. Тоа доведе до пораст на просечната температура за еден степен.

Ѓурѓевиќ објаснува дека растот на температурата од еден степен, иако делува мал, статистички гледано многу ги зголемува екстремните вредности. Кога планетата преминува од ледено во меѓуледено доба, температурата се зголемила за три до четири степени.

– Мало поместување во средните вредности значи големо во екстремните точки, истакнува тој.

– Во минатиот век топлотните бранови како овој кој сега ја зафати Србија се случувале еднаш во неколку децении. Вакви топлотни бранови се се повеќе и се многу подолги. Ако се продолжи со ваква емисија на ЦО2, до крајот на векот ќе имаме аномалија на глобалната температура за четири или пет степени. смета Ѓурѓевиќ.

Состојбата со климата е таква што во нашата земја треба да очекуваме почести појави на топли бранови од порано.

– Најбрзите промени се случуваат на Арктикот, но и Србија, југоисточна Европа и Медитеранот се меѓу екстремните точки, вели Ѓурѓевиќ.

– Се наоѓаме на специфично подрачје, каде се вкрстуваат тропските и северните воздушни маси. Тука последиците од глобалното затоплување ќе бидат највпечатливи. Единствен начин тие да се намалат е да престане да се користат фосилните горива и да преминеме на обновливи извори на енергија, додава тој.

„Операции за поплави” и „подморски бомби”

Директорот на Институтот за климатолошки истражувања во Цирих Акуму Омура тврди дека САД веќе имаат средства за четири вида на „метеоролошки војни”. Еден од нив е „Операција на поплави”, која предвидува масовна употреба на невидливи авиони кои ги „засејуваат” облаците.

„Операцијата мраз” предвидува употреба на ракета која би ги распрснала атомите и целосно би го засениле Сонцето. Во „Огнена бура” би се насочиле ласери кои со својата сила би се срушиле на крајбрежните региони во пречник од неколку стотици километри.

Експериментите почнале уште во 1952 година

Идејата во војна на суперсилите да се искористи можноста да се предизвика цунами не е нова и таа првпат во 1952 година ја објаснил академикот Андреј Сахаров. Во тоа време СССР немал авиони кои би ја „поминале” американската противвоздушна одбрана, па Сахаров предлагал да се направат супер силни атомски торпеда кои би се лансирале од моќни подморници.

Експлозијата на такви торпеда би предизвикала бранови високи до 500 метри кои не само што ќе ги поплават, туку и ќе ги разрушат американските градови. Повратниот бран би стигнал до западна Европа и исто така би направил хаос.

Неговата идеја подоцна ја разработил Константин Сивков, кој тврди дека Русите работат на уште по опасни ракети кои ќе можат да се лансираат од бунар, како и од подморници.

Би можело да ве интересира

Европскиот парламент бара сите земји да придонесат во финансирањето на климатските акции

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

A1on

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска