Голема излезност и веројатна победа на опозицијата во Мјанмар

Од:

Според првичните резултати, на вчерашните избори за центалниот и регионалните парламенти во Мјанмар гласале над 82 отсто од 34,5 милиони жители со право на глас.

Изборите, одржани под мониторинг на Обединетите Нации и набљудувачи делегирани од Европската унија и поголем број азиски претставници, поминале мирно, без инциденти. Текот на гласањето како позитивен чекор кон демокраска пресвртница во Мјанмар веќе го поздравија САД, Сингапур, Тајланд и неколку други држави од Азија.

Пред повеќе десетици илјади симпатизери пред штабот на Националната Лига за демократија, опзициониот лидерАунг Сан Су Ќи изјави дека верува во извештаите дека нејзината партија убедливо победила, но дека е рано да се дадат конечни изјави.

Од изборниот штаб на Унијата за Солидарност, која сега е на власт со поддршка на армијата, изјавија дека очекуваат 40 посто од гласовите во нивна полза. Тој процент, со пратеници директно делегирани од армијата, би им биле доволни да ја задржат власта.

Пребројувањето на гласовите во Мјанмар ќе трае неколку недели. Евентуалната промена на власта ќе се случи во март идната година, кога поминува петгодишниот мандат на сегашниот Парламент и претседателот на државата.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска