Голема истрага во Италија: Брачен пар од Србија го однесе синот во болница, лекарите не можеа да го спасат

Од:

Дете (1,5) по потекло од Србија почина во понеделникот во болница во градот Портогруаро во Италија по удар во главата.

Италијанските медиуми пишуваат дека родителите на детето по потекло од Србија го однеле детето во Итна помош, но дека лекарите не можеле да го спасат.

Жртвата е Б.К.(1,5) кој е роден во Србија и живеел со семејството во областа Венеција.

Според полицијата, момчето додека си играло паднало од хауба на паркиран автомобил.

Но, полицијата не ја исклучува хипотезата дека детето можеби им избегало од вниманието на оние кои биле со него во куќата и дека во него удрил автомобил.

Карабинерите кои ја водат истрагата повеќе од два часа разговарале со семејството на сега веќе починатото дете. Наредена е томографија на главата на момчето.

Според првичните информации, мајката со автомобил го однела детето до итната медицинска помош, со очигледна траума на задниот дел од главата.

Лекарите исклучија семејна несреќа, како пад од височина, бидејќи повредите се компатибилни со удар од автомобил во движење.

Долгите обиди за реанимација биле бескорисни, детето починало во болница.

Би можело да ве интересира

Венеција почнува да им наплаќа на туристите за влез во градот

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Девојче го нашле мртво во голема цевка, мајката очајна го тужи хотелот

ВИДЕО: Во Вуковар нападнати Срби од Сомбор, полицијата гледа и не реагира

Предраг Петровиќ

Две момчиња починаа во напуштен автомобил во Австралија

Селаковиќ на одбележување на Кумановската битка: Никој меѓусебно не се разбира како Србите и Македонците