Девојче го нашле мртво во голема цевка, мајката очајна го тужи хотелот

Од:

Полицијата во Хјустон ја истражува смртта на осумгодишното девојче чие тело е пронајдено во голема цевка во хотелскиoт базен каде што таа пливала со семејството.

Институтот за форензички науки на округот Харис одлучи дека смртта на Алија Џејко е случајно давење.

Патолозите велат дека детето починало од давење и механичка асфиксија, кога некој предмет или физичка сила ќе спречи некој да дише.

Полицијата соопшти дека девојчето било пронајдено „во голема цевка во просторот на базенот“ и било прогласено за мртво на местото на настанот, пишува The Guardian.

Меѓутоа, нејзината мајка, Данијела Џејко, во понеделникот поднела тужба против хотелот, тврдејќи дека детето било вшмукувано во необезбеден отвор во системот за проток на базенот широк од 30 до 40 сантиметри.

Нејзиното тело подоцна било пронајдено на околу шест метри длабоко во цевката.

„Тие мораа да го скршат бетонот за да ја извлечат, да ја исечат цевката, тоа беше ужасно“, рече Ричард Нава, адвокатот на мајката.

Семејството на девојчето го тужи хотелот за повеќе од еден милион долари додека полицијата го истражува случајот.

Адвокатот на семејството изјави дека мајката „го вклучила алармот“ околу 14.50 часот веднаш штом сфатила дека нејзината ќерка ја нема.

„По избезумената потрага, таа побарала од персоналот на хотелот да ги види снимките од надзорните камери, но раководството го одбило нејзиното барање и објаснило дека полицијата ќе мора да биде присутна за да го види видеото од надзорот“, се вели во извештајот.

Мајката повикала полиција која го прегледала видеото. Снимката покажала дека девојчето исчезнало под вода и никогаш не излегло на површина.

Базенот бил испразнет и нејзиното тело било пронајдено „заглавено во цевките на неисправната опрема за базен“ во 23.30 часот.

Полицијата во Хјустон соопшти дека детективите „ги чекаат резултатите од обдукцијата за очигледното давење на дете“.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 100 пожарникари се борат со шумскиот пожар во Јута

САД: Ќе работиме со Северна Македонија и Грција да го одржaт Договорот од Преспа

Во САД се пронајдени 200 деца кои се бараа како исчезнати

Горан Наумовски

Американските бази во Европа во состојба на готовност поради можни терористички напади

Вашингтон пост: Од почетокот на војната, САД му дадоа на Израел 6,5 милијарди долари помош

Горан Наумовски

Нова трагедијата во Флорида: Девојче почина во вжештен автомобил