Две момчиња починаа во напуштен автомобил во Австралија

Од:

Телата на две момчиња денеска се пронајдени во автомобил во двор на семејна куќа во австралискиот град Вурабинда.

Најпрво било пронајдено двегодишно момче и итно пренесено во болница. Иако лекарите чекале со хеликоптер подготвен да го префрлат во поголема градска болница, не успеале да го реанимираат и момчето починало.

Кога полицијата од Квинсленд дошла на имотот и го прегледала автомобилот околу 21.15 часот, во задниот дел од автомобилот пронашла и тело на тригодишно момче.

„Не го виделе кога го пронашле првото дете“, изјавила портпаролката на полицијата Дарин Шедлоу.

И тоа било итно пренесено во болница, но детето починало.

Полицијата потврди дека момчињата биле во роднинска врска.

Причината за нивната смрт се уште не е потврдена.

– Се чини дека се работи за трагична несреќа каде што децата некако влегле во возилото и биле таму извесно време. Првите резултати од истрагата покажуваат дека горештините може да бидат причина за нивната смрт – соопшти полицијата.

Автомобилот во кој играле бил напуштен, а електричните системи, вклучително и долните стакла, не работеле.

Би можело да ве интересира

Почина новинарот Петар Ѕалев

На југоистокот на Австралија падна повеќе од половина метар снег

Ин мемориам: Почина проф. д-р Кики Мангова Поњавиќ

Почина Шенон Доерти, ѕвездата од „Беверли Хилс“

Австралиец обвинет за подметнување пожар во куќа во кој загинаа неговите три деца

Почина албанскиот писател Исмаил Кадаре

Катерина Ѓуровски