А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Свет

Голема епидемија на најзаразниот вирус во САД и во Европа

by А1он20/05/2025 - 14:07347
Share0

Сите очи низ целиот свет се вперени во борбата против најзаразниот вирус – малите сипаници, кои го преминаа загрижувачкиот праг во САД, а се шират и низ Европа.

Следете a1on на Instagram Instagram

Малите сипаници се најзаразната болест и секој пациент може да ја пренесе на девет од десет други невакцинирани лица кои се изложени на вирусот.

Светските медиуми објавуваат застрашувачко предупредување од експерти дека САД би можеле да бидат на работ да го изгубат статусот на земја без мали сипаници.

Во Европа, бројот на случаи на мали сипаници се зголемил за 10 пати во 2024 година, што е највисоко од 1997 година, и продолжува да расте, според податоците од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC).

Следете a1on на Youtube YouTube

Досега во 2025 година, низ Европската Унија се пријавени околу 4.500 случаи на мали сипаници, според најновиот извештај на ECDC за мали сипаници и рубеола, од кои повеќето се невакцинирани деца под четиригодишна возраст.

Романија, Франција, Италија, Холандија и Шпанија се најпогодени, се вели во најновиот извештај на ECDC.

evropasadsipanici

Би можело да ве интересира

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

Горан Наумовски06/11/2026 - 14:30

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Горан Наумовски06/11/2026 - 12:57

Трамп: Изборите во Америка се толку наместени, што не можете ни да замислите

Горан Наумовски06/11/2026 - 12:28

Трамп: Иран нема да има нуклеарно оружје

Горан Наумовски06/11/2026 - 06:46

Москва негира дека пропадна договорот за испорака на дизел за Америка

Горан Наумовски05/11/2026 - 22:10

ВИДЕО: Пријави за бомби во авиони низ Европа, сменети маршути, принудни слетувања

Катерина Ѓуровски05/11/2026 - 12:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео