Жителите на Блискиот исток според својата се сомневаат во западната интервенција во регионот, земајќи ги предвид нејзините деструктивни последици.
Ширењето и варварството на групата Исламски држави не остава место за сомневање дека таа мора да биде спречена без одложување. Амнести Интернешенал на 12 август објави соопштение обвинувајќи ја оваа група за етничко чистење во северен Ирак.
Следниот ден ОН изјави дека мора итно да се преземат сите можни мерки за да се избегнат масовни злосторства и потенцијален геноцид.
ОН во меѓувреме прогласи највисоко ниво на вонредна состојба во Ирак. Поради тоа би било тешко на тие кои можат да интервенираат, да не го направат тоа.
Меѓутоа, тие мора да се погрижат да не направат повеќе зло од добро, а тоа не е лесен подвиг.
Спротивстаувањето на групата на Исламските држави претставува голем ризик, наспроти потребата тоа да се направи.
Многу работи зависат од методот на интервенцијата, агендата и целите на учесниците, како и перцепцијата и реакцијата на нив. Во таа смисла, не постои усогласеност, туку отворено несогласувања и контрадикции. Состојбата е многу комплицирана. Населението на Блискиот исток според својата природа се сомнителни околу интервенцијата на Западот во тој регион, земајќи ги предвид нејзините деструктивни последици. Исто така, многумина се противат на растечкото влијание на Иран, како и територијалната експанзија на ирачките Курди и стремежот за независност. Тоа што се вклучени сите овие страни, може ненамерно да предизвика други да се обединат со групата на Исламските држави, но не затоа што делат иста идеологија.
Франција и Велика Британија се подготвени да ги поддржат Курдите со оружје во борба против групата на Исламските Држави, а официјален Лондон вели дека праќа хеликоптери и борбени авиони да помогнат во хуманитарната акција во северен Ирак.
Впрочем, нејзината забрзана експанзија во Ирак од јуни е помогната со тоа што таа е дел од коалицијата на сунитските сили, која не ги дели нејзините џихадистички погледи. Тие се бореа заедно со групата поради жестоката опозиција на Нури ал-Малики, кој отстапи од позицијата премиер и општо поради одземеното право на глас на сунитите од симнувањето на Садам Хусеин.
Франција и Велика Британија се подготвени да ги поддржат Курдите со оружје во борба против групата на Исламските Држави, а официјален Лондон вели дека праќа хеликоптери и борбени авиони да помогнат во хуманитарната акција во северен Ирак. Меѓутоа, учеството на една од овие земји може да ги врати горчливите спомени на деновите на колонијалната власт над арапскиот свет, а во случајот со Велика Британија власт над Ирак, во време кога некои колонијални граници повторно се цртаат.
Оправдувања од САД
Во случајот со Велика Британија, а посебно Америка, се уште траат катастрофалните последици од нивната инвазија и окупацијата во Ирак. Се чини дека претседателот Барак Обама ја усвојува познатата надворешна политика за неодлучност, контрадикција и попатно измислување на работи, а ниту една од овие работи не е од корист на Ирак. – Не сакам да служам како ирачка воена сила – рече додека вршеше воздушни напади. Инсистира дека нема да ангажира копнени сили, но веќе сега има неколку стотици во Ирак и американски функционери велат дека може да ги има и повеќе. Тие велат дека не постои план за подолга кампања, но Обама изјави: – Мислам дека нема да го решиме овој проблем за неколку недели. Ова ќе потрае некое време.
Обама е фатен меѓу вниманието на јавноста по прашањето за понатамошниот ангажман во Ирак и тие кои велат дека не оди доволно далеку.
Тој вели дека – нема да им дозволиме да основаат некаков калифат во Сирија и Ирак. Освен фактот дека овој калифат е прогласен пред неколку недели, мистеријата е како тој смета да го спречи со воздушни напади во Ирак, а не во Сирија. Висок претставник на Пентагон призна дека воздушните напади веројатно нема да влијаат на целокупните можности на групата на Исламските држави.
Слично како што и неговиот претходник Џорџ Буш го правеше истото во врска со операцијата против групата на ИС. Неговите причини варираат од заштита на американскиот персонал и објектите, помош на Курдите да се бранат, спречување на потенцијален чин на геноцид над језидите, заштита на малцинството се до спречување на создавање на веќе постоечкиот калифат. Сите овие различни цели како да бараа иста стратегија.
Обама е фатен меѓу вниманието на јавноста по прашањето за понатамошниот ангажман во Ирак и тие кои велат дека не оди доволно далеку.
Исто така, тука е и критиката во Америка но и во региојнот, дека додека беше зафатен во Ирак, не сметаше дека истото треба да го направи и во соседна Сирија, каде речиси 200.000 луѓе се убиени во последните неколку години и каде групата Исламски држави е еднакво голема закана. Многу критики се упатени кон политиката на Обама, но таа како таква се чини дека воопшто не постои.
Како и да било, се чини дека тоа веќе користеше на групата на Исламските држави, со цепењето на Ал-Каеда. Додека Ал-Каеда отворено ја критикуваше групата ИС и додека сирискиот сојузник на Ал-Каеда Ал-Нусра Фронт се бореше против групата ИС, американските воздушни удари доведоа до тоа Ал-Каеда на Арапскиот полуостров да ги повика исламистите да удрат на САД. Воениот ангажман на Иран во Ирак и Сирија, може да оди во корист на групата ИС заедно со арапското противење на регионалното влијание на Техеран, кое се зголемува.
Курдското прашање исто така предизвика загриженост и компликации. Групата Исламска држава можеби почна расправии со Курдите за да придобие поддршка или барем да го намали противењето на народите од регионите на Арапите, Турците и Иранците, кои се внимателни по прашањето на курдскиот национален стремеж во Ирак, Иран, Турција и Сирија. Турција рече дека нема да се меша во Ирак, освен ако групата ИС не почне да ја загрозува нивната граница.
Од многубројните сили кои се борат против групата ИС, Америка и Европа праќаат голема воена помош на Курдите. Освен тоа, американските воздушни напади почнаа по напредокот на групата ИС против нив, посебно на нивниот главен град Ербила, па се насочени на курдските региони. И тоа наспроти фактот дека борците на групата ИС, многу пред да ги нападнат Курдите, постигнуваа успеси и правеа злосторства во Ирак, а пред тоа во Сирија.
Многу работи зависат од тоа дали Абади може да ги задоволи сунитските барања, да го прекине нивното право на глас и да основа инклузивна влада.
Курдскиот референдум за независност од Ирак ќе се одржи следниот месец, што веројатно ќе резултира со голем број на гласови ЗА. Во меѓувреме, Курдите ја искористија борбата меѓу сунитските милитанти и ирачката војска за да ја прошират својата територија за дури 40 отсто, вклучувајќи го мешовитиот град Киркук богат со нафта. Во случајот ако Курдите ја победат групата ИС и одржат референдум, нивната помогната армија би можела да овозможи да го спречат противењето на независноста и тероторијалната експанзија. Тоа може да ја објасни неволноста на нивните соседи воено да ги помогнат, посебно во споредба со определбата на американската и европската поддршка. Искажаното противење на Турција за референдумот и спорот со официјален Багдад со Курдите за унилатерална продажба на нафтата, се од стратешка важност за групата ИС.
До сега, акциите на Багдад ја влошија состојбата, додека Малики до неодамна тврдоглаво се одржуваше на власт и додека неговото потпирање на шиитските милитанти само долеваше масло на секташкиот оган. Освен тоа, владата тешко ги злоупотребуваше сунитите и нивните воени напади земаат страшен данок врз цивилите, според Хјуман Рајтс Воч. Се додека ова продолжува, групата ИС ќе наоѓа поддржувачи меѓу локалното население.
Без оглед на количината на странскиот ангажман, на крај, пропаста на групата ИС може да зависи од тоа дали ќе се случи уште едно сунитско будење во Ирак, како што тоа беше случај во борбата против Ал-Каеда претходните години. Покрај недостигот на напори да се поддржи таквиот проект, неговото создавање ќе биде потешко овој пат, бидејќи сунитските жртви во борбата против Ал-Каеда не резултираа со ништо, а владата не ги исполни своите ветувања за интеграција, плати и други бенефиции.
Меѓутоа, се укажува важна прилика по оставката на Малики. Сунитските лидери веќе изразија условна подготвеност да се приклучат на новата влада и борбата против групата ИС, наследникот на Малики, Хаидер ал-Абади исто така го поддржаа сите главни играчи во Ирак, главниот шиитски имам во државата, Али ал-Систани, како и Иран, Саудиска Арабија и Америка.
Тоа би можело да доведе до одреден степен на соработка меѓу овие соперници, што ќе биде клучно во борбата против групата ИС.
Но, многу работи зависат од тоа дали Абади може да ги задоволи барањата на сунитите, да се прекине одземањето на право на глас и да се основа инклузивна влада. Тоа се предизвици полни со проблеми, несигурност и опструктивни страни.
Ал Џезира – Доха