Голем број пожари во Австралија, повредени двајца пожарникари

Од:

Најмалку двајца пожарникари се повредени, а 19 куќи се уништени за време на викендот при пожарите што ја зафатија австралиската држава Нов Јужен Велс, соопшти денеска локалната пожарникарска служба.

Повеќе од 2.500 пожарникари се борат со стотина пожари во Нов Јужен Влес, додека температурата достигнуваше до 47 степени Целзиусови во одредени делови на земјата.

Огнот бил поттикнат од сувите и врели северозападни ветрови од правец на австралиската пустина што дуваа со брзина од дури 75 километри на час.

Шумските пожари се честа појава во Австралија во текот на летната сезона.

Полицијата соопшти дека три лица на возраст од 13, 32 и 40 години се уапсени поради подметнување на пожари во Нов Јужен Велс.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион со заглавени тркала слета на аеродром во Австралија

Катерина Ѓуровски

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он