Глобалeн извештај – колкав е степенот на акутен глад поради КОВИД-19

Од:

Колкав е степенот на акутен глад во светски рамки во услови на пандемијата Ковид-19, ќе покаже годинашниот Извештај што ќе го објави денеска Глобалната мрежа против криза со храната.

Глобалниот извештај за криза со храната 2020 година дава анализа и на факторите кои придонесуваат за кризите со храна низ целиот свет и разгледува како пандемијата КОВИД-19 може да придонесе за нивно влошување.

Објавата на извештајот ќе се одржи во живо во 11:00 часот на www.fightfoodcrises.net, а неговото објавување може да се следи на социјалните медиуми, користејќи го хаштагот #fightfoodcrisis.

Членовите на мрежата ќе објават заедничка изјава. Ќе се наведе нивната колективна посветеност да одговорат на ширењето на кризата со храна низ целиот свет, кое сега се продлабочува како последица на пандемијата КОВИД-19.

Главните наоди на Извештајот ќе бидат меѓу податоците презентирани пред Советот за безбедност на ООН од страна на генералниот директор на ФАО Кји Донгју и извршниот директор на Светската програма за храна, Дејвид Бизли, попладнево, за време на дискусиите за состојбата со безбедноста на храната во земјите погодени од конфликти.

Глобалната мрежа против кризи со храната е меѓународна алијанса која работи на решавање на основните причини за екстремниот глад. Ја основаа Европската унија, ФАО и Светската програма за храна на ООН (WFP) во 2016 година. Брои 15 членки и се стреми кон подобро поврзување, интегрирање и водење на постојните иницијативи, партнерства, програми и процеси на политики за одржливо решавање на основните причини за кризите со храна.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Северна Македонија се приклучи на Европската советодавна комисија за рибарство и аквакултура

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска