Главниот сведок во аферата за финансирањето на предизборната кампања на Саркози ја повлече изјавата

Од:

Еден од главните сведоци на обвинителството против поранешниот француски претседател, Никола Саркози, во истрагата за сомненијата за либиското финансирање на неговата претседателска кампања во 2007 година, ги повлече неговите обвиненија.

Зијад Такиедин, единствениот сведок за аферата со либиското финансирање на претседателската кампања на Никола Саркози во 2007 година, ги повлече сите свои обвинувања на видеото што го објавија „Пари Мач“ и БФМТВ.

-Јас го кажувам тоа гласно и јасно, судијата Турнер го сврти ова на свој начин и ме натера да кажам работи што се во спротивност со зборовите што ги кажав. Немаше финансирање на претседателската кампања на Саркози, изјави Зијад Такиедин од Бејрут, каде што е во бегство откако беше осуден минатиот јуни во аферата Карачи (за повратни провизии од продажбата на француски подморници на Пакистан, чие запирање доведе до атентатот во Карачи).

Тој претходно сведочеше дека му предал на Никола Саркози во готово пет милиони евра од Гадафи за финансирање на неговата предизборна кампања.

Од своја страна, поранешниот шеф на француската држава веднаш реагираше, поздравувајќи преку Твитер дека „вистината повторно се појавува“.

-Главниот обвинувач ги признава своите лаги. Никогаш не ми даде пари, никогаш немаше незаконско финансирање на мојата кампања во 2007 година“, напиша Никола Саркози, најавувајќи истовремено дека има намера да побара од неговиот адвокат Тиери Херцог да биде ослободен од обвинението и поведе постапка за клеветничко обвинување против Зијад Такиедин.

Истрагата, отворена од 2012 година, по откритијата на информативниот портал „Медијапарт“, го загорчи животот на поранешниот француски претседател, што имаше и влијание врз неговата политичка кариера.

На 6 октомври, Никола Саркози уште еднаш беше сослушан во овој предмет, што трае осум години, во кој се сменија тројца истражни судии. На ова последно испрашување, судиите што ги испитуваа уште еднаш изрекоа судска контрола и обвинение за „здружение на злонамерници“.

Ова е четврто, особено болно обвинение по оние што датираат од 2018 година каде поранешниот шеф на државата беше обвинет за „пасивна корупција“, „прикривање на проневера на јавни средства“ и „незаконско финансирање на кампања“. Не помалку од девет обвиненија беа изречени во овој случај, низ печатот редовно се појавуваа информации за постоењето, според нив, на вознемирувачки докази за наводната вина на Никола Саркози.

Но и покрај најновата изјава на главниот сведок, малку е веројатно дека Никола Саркози ќе биде ослободен од обвиненијата, предвидуваат француските медиуми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили