Главниот коалициски партнер на Дилма Русеф се повлекува од владата

Од:

Бразилската партија Демократско движење (ПМДБ) која е дел од актуелната владина коалиција се повлекува од владата на претседателот Дилма Русеф, зголемувајќи го ризикот таа да се соочи со импичмент (отповикување).

ПМДБ е најголемиот партнер во бразилската коалиција и на вонредно заседание на раководството е одлучено да се побара од сите нејзини шест министри, „веднаш да излезат“ од владата на Русеф, поднесувајќи оставки.

Опозицијата настојува да ја тргне од фунцијата претседател на Бразил, обвинувајќи ја дека манипулирала со сметките за да се сокрие големиот трговски дефицит на земјата, за кој се вели дека продолжува да се зголемува.

Соопштението за одлуката на раководството на ПМДБ, доаѓа само 24 часови по оставката на министерот за туризам, Енрике Едуардо Алвеш кој е од редовите на оваа бразилска партија.

На претседателката Русеф и е потребно против импичментот да гласаат третина од пратениците во Конгресот, за постапката што ја бара опозицијата да биде тргната од дневниот ред.

Со повлекувањето на пратениците од ПМДБ, таа и нејзината Работничка партија загубија 69 од вкупно 513 членови на Конгресот.

Раководството на другиот коалициски партнер, левоцентристичката Социјалдемократска партија (ПСД) , соопшти дека им остава на нејзините пратеници во Конгресот да гласаат според сопственото уверување, за тоа дали е одговорна Русеф и дали може да остане на функцијата во сегашните услови на длабока економска и политичка криза.

Таа ја обвинува опозицијата за правење „пуч против демократијата“ во Бразил, но од ПМДБ изјавиле дека целта е сега да се урне владата.

Според бразилските прописи, Русеф би можела од Конгресот да биде привремено суспендирана од функцијата, а на нејзиното место да дојде сегашниот потпретседател Мишел Темер кој е лидер на ПМДБ, се додека Сенатот (Горниот дом) не одлучи дали Русеф треба трајно да се тргне од функцијата претседател.

Поради најновиот развој на настаните таа го откажа утрешното патување во Вашингтон.

Од пред 14 месеци Русеф го започна вториот мандат како бразилски претседател, но нејзиниот рејтинг забрзано се намалува, па сега само 11 отсто од Бразилците сметаат дека добро ја извршува својата функција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Аеродром во Бразил e поплавен: „Салгадо Фиљо“ ќе е затворен до крајот на мај

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил