Гласање доверба на Тони Абот за лидерската функција во Либералната партија во Австралија

Од:

Австралискиот премиер Тони Абот се соочува со гласање за доверба на неговата функција како лидер на владејачката Либерална партија на Австралија.

Доколку на гласањето во раководството на партијата Абот не ја добие поддршката од мнозинството членови, ќе мора да поднесе оставка и на премиерската функција, што тогаш ќе ја преземе новиот партиски лидер.

Кризата во партијата и покренувањето на прашањето за доверба настана откако либералите загубија на изборите во сојузната држава Квинсленд.

Проблемите за неговото лидерство, сепак, започнаа во моментот кога тој одлучи да му додели орден на принцот Филип, сопругот на британската кралица Елизабета, решение кое предизвика отпор и противење меѓу партиското членство.

– Јас и заменик-лидерот Џули Бишоп го прифаќаме предизвикот и заедно ќе се појавиме на гласањето за доверба во партијата, изјави во Канбера, премиерот и лидер на либералите Тони Абот.

Барањето за проверка на довербата во врвот на партијата го покренаа неколкумина угледни партиски членови. Еден од нив изјави дека е „време да се провери колкава е сега подршката“ за Абот.

Медиумите во Австралија откриваат дека зад ваквата постапка се кријат амбициите на неколкумина владини министри за лидерската функција. Заменик-лидерот Бишоп јавно му даде подршка на Абот, но и таа е еден од претендентите за иден партиски лидер.

Ова не е првпат Абот да се најде во ваква ситуација, па се верѕва дека тој може да го надмине сегашниот предизвик и да остне лидер на либералите и австралиски премиер.

Ваквите гласања за доверба за партиското лидерство имаше и во врене на претходната Влада со која управуваа австралиските лабуристи, кога во текот на еден мандат двапати имаше вакво гласање по кое беше извршена смена на лидерската и премиерската функција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион со заглавени тркала слета на аеродром во Австралија

Катерина Ѓуровски

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он