Гиркин: Грешка на Путин е што не ги анектира и Доњецк и Луганск

Од:

Најголема грешка на претседателот на Русија, Владимир Путин во однос на Украина е тоа што дозволи да стане заложник на украинската војна со одлуката да не оди доволно далеку и по Крим и што не ги анектира и регионите Доњецк и Луганск, изјави поранешниот командант на проруските сили во Украина, Игор Гиркин.

Ако Путин испратеше војска да ги поддржи проруските активисти во Доњецк и Луганск, како што тоа го стори на Крим, цела „Нова Русија“ сега ќе беше обединета со матичната земја, изјави Гиркин, познат под прекарот Стрелков, во интервју за „Блумберг“

Како што пренесува Танјуг, југоисточниот дел на Украина, што некогаш бил дел од Руското Царствого, проруските сепаратисти го нарекуваат „Нова Русија“.

Путин, сепак, не сфати дека веќе ги премина црвените линии на Западот, со одлуката за анексија на Крим, и под влијание на бирократи и олигарси, одлучи да застане тука, истакна Стрелков.

– Сега имаме војна што ќе продолжи да ескалира, го сакала тоа Русија или не, нагласи тој, додавајќи дека војната ќе резултира или со уништување на Русија или со „воскреснување на нашата национална елита“.

Стрелков (44), историчар и монархист, во 2013 година се повлече од руската Федерална служба за безбедност, каде има чин на полковник. Има служено во воени зони во Босна, Придњестровјето и Чеченија. Киев го обвинува за тероризам и се наоѓа на црната листа на САД и ЕУ за улогата во украинскиот конфликт.

Откако доброволно помогна за организирање на референдумот на Крим за приклучување кон Русија, Стрелков на чело на конвој од 50 борци замина за Славјанск во близина на Доњецк, за поддршка на проруските протести. Според него, руските власти не биле вмешани во операцијата во Славјанск.

– Сметам дека некои луѓе од руските специјални служби, знаеле за планот, но не дадоа никаква директна поддршка, изјави Стрелков, додавајќи дека првите жртви на украинската војна биле украински безбедносни агенти, што се обиделе да го запрат неговиот конвој.

Стрелков ги отфрли обвиненијата на Киев дека проруските сепаратисти се одговорни за соборување на малезискиот патнички авион со речиси 300 патници и членови на екипажот. Неколку недели по падот на авионот, Стрелков со повлече од позицијата „министер за одбрана на самопрогласената Доњецка Народна Република“ и се врати во Москва, каде од тогаш го предводи Движењето за Нова Русија.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски