Обединените нации денеска ги повикаа државите да примат 1.300 бегалци заглавени во Либија, од кои повеќето се Африканци, кои се малтретирани и држени во ужасни услови.
Нигер се согласи привремено да ги згрижи најзагрозените, вклучително и непридружаваните деца и самохрани мајки, додека чекаат да бидат преместени во други земји, информира високиот комесар на ОН за бегалци.