Германија, Швајцарија, Австрија и Словенија погодени од бура

Од:

Германија, Швајцарија, Австрија и Словенија денеска се подготвуваат за справување со поплави и обилни снегови, предизвикани од ураганот Гоназло.

Германските власти соопштија дека бурата во текот на ноќта откорнала покриви од згради и го нарушила нормалното функционираење на сообраќајот во јужниот дел од земјата,

Железничката компанија „Дојче бан“ соопшти дека во германските провинции Баден-Виртемберг и Баварија поради паднатите дрвја на шините железничкиот сообраќај бил во прекин на 23 линии.

Според федералната служба за морски сообраќај, бурата може да предизвика поплави на брегот на Сееврно Море во текот на денот.

Нема информации за евентуални човечки жртви во бурата, од која исто така ги зафати Австрија, Словенија и Швајцарија.

Во јужниот дел на швајцарските Алпи ветрот достигнаа брзина од 185 километри на час, што предизвика сообраќајни несреќи и затворање на патиштата.

Приближно 30.000 австриски домови неколку часа беа без електрична енергија во провинцијата Тирол.

Метеоролозите во Австрија предвидуваат до петок на планините да падне снег околу еден метар.

Во главниот град на Словенија, Љубљана објавена е црвена тревога поради обилни дождови и полплави.

Метеоролозите по синоќешното невреме најавија стабилизирање на времето.

Во централниот дел на Словенија наврна од 100 до 200 литри на метар квадратен. Поради дождот патиштата кон центарот на Љубљана се затворени.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад