Германија сепак ќе го плаќа рускиот гас во рубљи

Од:

Една од најголемите германски енергетски компании објави дека се подготвува да купува руски гас, плаќајќи го во руската национална валута.

Иако критичарите велат дека тоа ќе ги поткопа санкциите на ЕУ, Унипер ќе го плати рускиот гас во евра, кои потоа ќе се претворат во рубљи.

На овој начин, Унипер ги исполнува барањата на Кремљ сите трансакции да се вршат во руска валута.

Други европски енергетски компании, наводно, се подготвуваат да го сторат тоа поради загриженоста за намалување на снабдувањето.

Од Унипер наведуваат дека немаат избор, но дека намерата им е да продолжат да се придржуваат до санкциите на ЕУ.

„Веруваме дека конверзијата на плаќањата е можна во согласност со законот за санкции и руската регулатива“, изјави портпаролот на компанијата за Би-би-си.

Тој смета и дека не е можно оваа компанија и воопшто Германија да остане без руски гас, па прекинот на испораката би имал драматични последици за нив.

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски