Германија предупредува дека Иран го доведува во ризик целиот нуклеарен договор

Од:

Германскиот министер за надворешни работи Хаико Мас денеска предупреди дека најновото отстапување на Иран од нуклеарниот договор со светските сили од 2015 година би можело да го уништи целиот договор.

Мас рече дека одлуката на Иран да користи поголем број напредни центрифуги за производство на збогатен ураниум е неприфатлива и оти “на крајот Иран не прави ништо помалку туку го ризикува целиот нуклеарен договор“.

Шефот на иранската нуклеарна програма денеска рече дека Техеран сега користи 60 напредни центрифуги ИР-6, што е во спротивност со договорот за нуклеарната програма со светските сили.

Тоа значи дека Иран сега работи со двојно повеќе напредни центрифуги од порано.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски