Германија ќе и даде кредит на Шпанија

Од:

Германија ќе им овозможи кредитни олеснувања на малите и средни фирми во Шпанија поради поттикнување на економскиот раст и отворање на нови работни места.

Според документ во кој агенцијата „Асошиејтед прес“, имаше увид германската влада ги гарантира билатералните кредитни олеснувања вредни милијарда евра.

Кредитот со ниска каматна стапка, кој што ќе биде пласиран преку германската државна банка KfW, на шпанскиот официјален кредитен Институт (ICO) ќе му овозможи да го раздели тој износ во кредити за малите фирми.

Во документот кој што е потпишан од германскиот заменик министерот за финансии Штефен Кампетер се наведува дека таа иницијатива ќе биде проширена и во други држави кои што се погодени со должничката криза, како Португалија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски