Германија и Франција бараат заштитен механизам за безвизниот режим со Турција

Од:

Берлин и Париз работат на план кој што предвидува Европската Унија да може да го суспендира договорот за безвизен режим за турските граѓани во членките на унијата, јави дописникот на МИА од германската престолнина.

Според мартовскиот договор меѓу Брисел и Анкара во замена за турската поддршка при спречување на бегалците да дојдат во Европа , Турција ќе добие безвизен режим за патување во ЕУ.

Според предлогот кој го подготвуаат Франција и Германија трендовите на миграција и потенцијалот на бегалската криза бараат постоење на ефикасен механизам кој што може да ја суспендира визната либерализација за Турција.

Според договорот од март во замена на турските напори да ги спречат бегалците од Сирија да дојдат во ЕУ, Анкара ќе добие шест милијарди евра финансиска помош, визна либерализација и забрзување на преговорите за влез во Унијата. Во преговорите за остварување на планот ЕУ инсистира дека нема да дозволи нарушување на европските правила при визната либерализација без разлика на потребата од решавање на бегалската криза. Вкупно Турција мора да исполни 72 европски правила пред да ја добие ветената визна либерализација.

Заштитниот механизам кој што сега го предлагаат Париз и Берлин се должи на стравот дека Турција нема да може да ги исполни барањата на ЕУ. Можноста за суспендирање на визната либерализација за Турција допрва треба да биде разгледувана во Европскиот парламент каде што треба да се усвои целиот пакет со Турција. Мартовскиот договор со Турција иако донесе резултати и го намали бројот на илегален влез на бегалците во Европа беше критикуван од голем дел од јавноста во неколку европски членки, пред се проади лошото досие на Турција во поглед на почитувањето на човековите права.

Би можело да ве интересира

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили