Германија доби поддршка од 15 земји за нов договор за вооружување со Русија

Од:

Петнаесет европски земји го поддржаа предлогот на Германија за нов договор со Русија за контрола над оружјето, соопшти германскиот министер за надворешени работи Франк-Валтер Штајнмајер.

– Европа е во опасност. Колку и да е тешко ние имаме потреба од повеќе дијалог со Русија, а не од помалку, нагласи тој во интервјуто за весникот „Ди Велт“.

Социјалдемократот Штајнмајер, кој е кандидат за претседател на Германија на изборите следната година, идејата за договор за вооружувње со Русија прв пат ја даде во август минатата година.

Целта, според него, е да се спречи ескалацијата на тензиите во Европа.

Петнаесет земји – сите од нив членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, ја поддржаа иницијативата на Штајнмајер.

Оваа група има намера денеска за излезе со заедничка декларација, како и да одржи средба за време на Министерскиот фурум на ОБСЕ на 8 и 9 декември во Хамбург.

Германскиот министер за надворешни работи ги повика и останатите земји да ја поддржат иницијативата за нов договор за вооружување со Русија.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште