Германија бара засилување на размената на разузнавачки информации во ЕУ

Од:

Членките на ЕУ треба да ги засилат механизмите за размена на разузнавачки информации по нападите во Брисел, побара германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мазиер, јави дописникот на МИА од Берлин.

Мазиер смета дека службите за регистрација на мигранти и издавање на визи, полициските и разузнавачките агенции се уште не ги споделуваат соодветно информациите со кои располагаат.

„Најважниот инструмент за превнција е информацијата. Треба да ги разменуваме информациите со кои што располагаме. Правилата за нашите лични податоци се главната пречка за споделување на информациите“, изјави Мазиер за јавната телевизија Це – Де – Еф.

Министерот објави дека и покрај нападите во Брисел, Германија не располага со директни закани за саботниот пријателски фудбалски натпревар меѓу Германија и Англија и тој ќе се одржи.

По нападите во Брисел, Германија ги зајакна мерките за безбедност на аеродромите и сообраќајните јазли како и на своите граници со Белгија, Холандија и Луксембург.

Би можело да ве интересира

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски