Германија бара Европската комисија да ја набави руската вакцина Спутник за земјите од ЕУ

Од:

Германија ја повика Европската комисија да ја набави руската вакцина Спутник V за земјите од Европската унија, изјавил германски официјален претставник, пренесува „Политико“.

– Побаравме од Комисијата да почне постапка за набавување на Спутник, истакнал претставникот пред новинарите на брифинг во Берлин, додавајќи дека „сега гледаме дека Комисијата е во процес на започнување на таа постапка“.

Претставникот, исто така, нагласил дека ЕК прво треба да ги испита ставовите во европските главни градови за да утврди кои земји се заинтересирани за купување на руската вакцина пред да почнат преговори за набавката.

Откако спогодбата ќе биде постигната, земјите-членки можат потенцијално да купат дози на руска вакцина преку договорот на ЕУ, рекол германскиот претставник. Европската агенција за лекови (ЕМА) ги доби првите податоци за ефикасноста и безбедноста на руската вакцина на почетокот на овој месец откако Русија побара одобрување.

Засега не е познато кога ќе се донесе одлука за одобрување на вакцината Спутник V. Шефот на ЕМА, Емер Кук изјави дека регулаторот се подготвува да испрати инспекција на местата во Русија каде се произведува вакцината.

Би можело да ве интересира

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Германија: Не смееме сега да згрешиме и да му направиме услуга на Путин

Катерина Ѓуровски

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

И Германија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина