Гебрејсус: СЗО разработува мастер план за истражување на коронавирусот

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) разработува мастер план за координирање на клиничките испитувања на коронавирусот, изјави генералниот директор Тедрос Аданом Гебрејсус.

По дводневниот собир во Женева, тој вчера рече дека се во тек состаноци на истражувачки групи со водечки истражувачи, за да може веднаш да се почне со работа за решавање на најтешките проблеми.

– Некои од тие проблеми подразбираат еднострана дијагностика, најдобар пристап за превенција на инфекцијата, потенцијални терапии кои би можеле да се користат за лекување пациенти, рече Гебрејсус.

Тој додаде дека СЗО испратила маски, ракавици и медицински униформи во 18 земји заради заштита на здравствените работници од вирусот.

– Ние продолжуваме да ги поддржуваме земјите со алатки и опрема што им се потребни за дијагностика, но и за заштита на здравствените работници. Доставивме дијагностички комплети до лабораториите ширум светот и ќе продолжиме да го правиме тоа. Исто така, испративме залихи со маски, ракавици и опрема за здравствена заштита, рече генералниот директор на СЗО.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа