Директорот на Светска здравствена организација Тедрос Гебрејесус денеска предупреди дека пандемијата со Ковид-19 не е последна и оти државите треба да вложуваат во здравството за да бидат подготвени за идните здравствении кризи.
– Историјата не учи дека ова нема да биде последна пандемија, а епидемиите се факт, истакна Гебрејесус во видео пораката по повод првиот Меѓународен ден на подготрвеност за епидемии.
Тој додаде дека попголемите вложувања во јавното здравство можат „да обезбедат нашите деца и нивните деца да наследат побезбеден, поотпорен и поодржлив свет“.