Рускиот конзорциум Газпром го намали за пет отсто извозот на гас за Романија без да ги информира властите во Букурешт, изјави романскиот министер за енергетика Рјазван Николеску.
– Протокот на природен гас од Русија за Романија е намален денеска за пет отсто во однос на планираното. Станува збор за мали количества. Не сме информирани официјално за причините за тоа намалување, изјави тој.
Романија искористува годишно околу 12,5 милијарда кубни метри природен гас. Произведува околу 11 милијарди кубни метри, а разликата се увезува од Русија преку фирми посредници по цени повисоки од оние на природниот гас од домашно производство.