Газпром нема да ја прекине испораката на гас за Молдавија

Од:

Рускиот гасовод Газпром објави дека нема да ја прекине испораката на гас за Молдавија, пишува рускиот весник Комерсант.

„Газпром“ минатата недела ја обвини Украина дека го задржува транзитот на гас за Молдавија, додавајќи дека тоа би можело да го намали снабдувањето.

Украина ги отфрли тие обвинувања. Руската компанија извести дека сепак нема да ги намали испораките бидејќи добила пари за гасот што го испорача во ноември. Молдавагаз во предвидениот рок исплатил авансно плаќање во износ од 21,4 милиони долари, напиша на Телеграм Вадим Чебан, шефот на молдавската компанија.

„Газпром“ потврди дека добил пари за гас што треба да им биде доставен на клиентите во Молдавија, а во моментов, според соопштението на руската компанија, се наоѓа во Украина. Рускиот дневен весник Комерсант одделно објави дека Гаспром планира да ја задржи опремата за транспорт на гас на компресорските станици Портоваја и Славјанскаја на брегот на Финскиот залив.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Сменет министерот за одбрана на Украина

Катерина Павлова-Николовска

Стапува на сила забраната за рускиот дизел

Киев: Русија регрутира жени од казнените колонии

Смена на министерот за одбрана најавуваат украинските медиуми

Украинците не се повлекуваат од Бахмут вели шефот на Вагнер

Поранешен германски фудбалер станал двоен агент, шпиунирал за Русија