Руската компанија за гас „Газпром“ и турската енергетска фирма „Боташ“ постигнаа договор за намалување цената на рускиот гас за 10,25 проценти, изјави денеска рускиот министер за енергетика Александар Новак.
Како што јави ТАСС, Новак додаде дека се уште не е потпишан документ за дампинг цената за гасот за „Боташ“.
Намалувањето на цената на рускиот гас за поторшувачите во Турција за 10,25 проценти треба да стапи во сила на 1. јануари 2016 година.
Новак истакна и дека продолжуваат разговорите за договорот меѓу Русија и Турција за изградба на гасоводот „Турски поток“ и оти Москва не добила официјално соопштение за прекин на преговорите.
Турските медиуми синоќа објавија дека Анкара одлучила привремено да ги прекине преговорите со Русија за изградба на гасоводот „Турски поток“, поради недостиг на напредок во преговарачкиот процес. Како една од причините беше наведено и дека Москва не се согласува за намалување на цената на рускиот гас.