Гардијан: Јазот помеѓу Велика Британија и ЕУ се потешко премостлив

Од:

Јазот помеѓу Велика Британија и Европската Унија сè повеќе се продлабочува, објави британскиот весник “Гардијан”, наведувајќи дека Велика Британија стои настрана од многу случувања во Европа.

Во аналитичкиот напис објавен во весникот, се наведува дека постои значителна поддршка за улогата на Велика Британија во Европа, но исто така има “огорченост и негативност.”

“Не се знае каде и како ќе заврши ова. Сепак, јасно е дека, од недела до недела кога Европа се соочува со најголемата криза, Велика Британија и остатокот од ЕУ се движат во значително различни правци”,оценува аналитичарот на британскиот весник.

Весникот додава дека, Берлин речиси три години фокусиран на кризата на еврото, веќе неколку месеци бара повторно отворање на договорите за ЕУ “, со цел да се олесни големото здружување или предавање, во зависност од гледиштето на националниот суверенитет кој ќе ја олесни федерализацијата на еврозоната.”

Ова би значело дека владите на европските земји во проширената група од 17 земји би превзеле прерогативна моќ над даноците и трошењето, од кој Велика Британија е далеку, објави весникот.

Исто така, Велика Британија нема да учествува во германскиот проект, на кој се приклучи и Европската комисија, кој “го открива проблематичниот закон на ЕУ, според кој Европската централна банка би станала полицаец на банкарскиот сектор во еврозоната.

Како уште еден пример на одалечување на Велика Британија и ЕУ, се наведува и проширување на федерализацијата на политиката на одлучување во надворешната политика и одбраната, што во заеднички текст,го објавија министрите за надворешни работи од 11 земји од ЕУ, вклучувајќи ја Германија, Франција, Полска, Италија и Шпанија, значи , после Велика Британија, најголемите земји во ЕУ.

“Британската изолација се зголемува, а јазот преку каналот е подлабок и потешко се премостува”, оценува британскиот аналитичар Јан Трејнор.

Тој смета дека премиерот Дејвид Камерон, или ќе успее да се договори за условите на британското членство или ќе треба да побара британски референдум.
“Гледано од Брисел, прашањето не е дали ќе има референдум, туку кое прашањето ќе биде поставено на гласачкото ливче”, заклучува аналитичарот на”Гардијан”.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

(ВИДЕО) Голем пожар во Саутемптон, клубот го одложи вечерашниот натпревар

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ