„Гардијан“: Без договор со ЕУ, Британија ќе губи по шест милијарди фунти

Од:

Британскиот извоз секоја година ќе трпи загуба од по најмалку шест милијарди фунти, доколку Лондон не обезбеди договор за трговија со ЕУ, предупредува лондонски „Гардијан„ повикувајќи се на опсежна стручна анализа за последиците по земјата по напуштањето на Унијата.

Весникот забележува дека во кругот на острите „брегзитери“, кои настојуваат да ја натераат Владата на премиерката Тереза Меј да не прави компромиси со Брисел и дека за Велика Британија е најдобро целосно да се исклучи од ЕУ, се тврди дека надоброто за земјата е да остане сама во рамки на Светската трговска организација (ВТО).

Таквата заложба, според овој весник е „мошне опасна“ пред се за британските извозници. чиј извоз ке се најде во понеповолна ситуација од другите и ќе им носи екстра трошоци од најмалку шест милијарди секоја година.

Предупредувањето доаѓа на околу пет недели пред стартот на формалните преговори за истапување на Велика Британија од ЕУ и во време кога во Горниот дом на британскиот Парламент, Домот на лордовите, се води дебата за предлог-законот за Брегзит, што Владата им го понуди за усвојување на пратениците.

Најверојатно, лордовите нема да го попречат почетокот на преговорите, особено што главната опозициска Лабуристичка партија ја поддржува Владата да почне преговори за Брегзит, но десницата во редовите на владејачката Конзервативна партија и антиевропските и антиимигрантските весници, продолжуваат со пресметката со ЕУ и со сите политичари во Велика Британија кои не мислат како нив.

Во изјавите на политичари од разни земји на ЕУ за „Гардијан“ доминира нездоволството од потезите на британската Влада пред покренувањето на член 50 и од создавањето на клима во британската јавност дека Британците ќе добијат се што ќе побараат од Унијата.

– Сите во ЕУ порачуваат дека никој од 27-те членки нема да прифати само Британија да извлече полза од Брегзит и порачуваат дека и тие , како и Лондон, имаат „црвени линии“ од кои не сааат да отстапат, пишува лондонскиот весник.

Германските политичари се посебно гневни што Владата во Лондон сака со „уцени и со делби“, според политиката – раздели, па владеј – кон остатокот на ЕУ, да најде сојузници за нејзните ставови и позиции.

– Со таквата стратегија, Британија само ризикува да остане без договор со ЕУ, изјавила за весникот лидерот на Претеничката група на Европската народна партија (ЕПП) во Европарламентот, Манфред Вебер.

Лидерот на групата либерални партии Ги Верховстад, кој е еден од преговарачите на ЕУ за Брегзит, порачува дека Унијата во трагањето по договор со Лондон настапува како обединет блок, а не секоја земја посебно.

– Нема да прифатиме уцени од Британците, како тоа дека ќе воведат ниски даноци, за да го привлечат капиталот кај себе. Не е во интерес на Британија да биде агресивна кон нас, изјавил претставник на Групата на Социјалистте и демократите во Европарламентот.

Актуелниот претседавач со ЕУ, премиерот на Малта, Џозеф Мускат претходно изјави дека од моментот кога Владата во Лондон ќе го покрене членот 50 на Лисабонската спогодба за излез од ЕУ, часовникот ќе отчукува само за Велика Британија, а не и за ЕУ.

Токму Британците треба да брзаат, а не да одолговлекуваат со поставување невозможни барања. Нам во ЕУ, единствено ни е важно да обезбедиме фер договор со Британија, изјави Мускат.

Сите во ЕУ се согласуваат дека не може да и се дозволи на Велика Британија да остане на заедничкиот пазар, без да ги прифати европските прописи. јурисдикцијата на Европскиот суд или слободата на движење на работната сила, забележува „Гардијан“, приговарајќи и на Владата што останува незаинтересирана кон потребата од постоење и на „план Б“ околу Брегзт.

Би можело да ве интересира

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина