Договорот за прекин на огнот во Украина понуди мирно решение за тамошната ктиза, соопштија синоќа лидерите на Г-7 и се заканија за преземање акции во случај договорот да биде прекршен.
Г-7 е подготвена да примени соодветни мерки против оние кои ќе го прекршат „пакетот од Минск“, особено против оние кои не се придржуваат до договорениот општ прекин на огнот и повлекување на тешкото вооружување, се наведува во соопштението.
Во заедничкото соопштение лидерите на Г-7 изразуваат загриженост поради ситуацијата во источна Украина, особено поради борбите околу градот Дебалцево во пресрет на прекинот на огнот што стапува вечерва во 22 часот по Гринич.