Лидерите на државите од Г-20 се согласија дека интернет провајдерите треба да воведат нова технологија и обука на вработените за да се откријат и прекинат екстремистички содржини од интернет.
На Самитот во Хамбург тие се договорија заедно да работат и да се консултираат за новите терористички закани во воздушниот сообраќај. Таков план и ветувања се изнесени во соопштение за борбата против тероризмот, кое го издаде германската Влада.
Лидерите соопштија дека ќе се обидат да се изборат за законски и неарбитрарен пристап до сомнителни податоци кога е загрозена национална безбедност, додавајќи дека владеењето на правото се применува и на интернет и надвор од него.