ФТ: Зголемен бројот на агресивни кибер напади врз ЕУ

Од:

Брисел регистрира во изминатата година зголемување и се поопасни кибер напади врз сервери на Европската унија, објави Фајненшал тајмс.

Во 2016 година се регистрирани 110 обиди за хакерски пробив во сервери на Европската комисија што е за 20 отсто повеќе од претходната година.

Во ноември лани Брисел откри голем кибер напад, наведува весникот. Брисел ги засили мерките за борба со се поголемата закана. На високите државни претставници им беше наредено да користат криптирани е-маил пораки, а ЕК ја проширува соработката со НАТО во доменот на кибер заштитата.

Еврокомесарот за безбедност Џулијан Кинг изјави за весникот дека тие закани се постојани, агресивни и се поопасни.

– Најголемата загриженост за кибербезбедноста во Брисел ја буди Русија, но ЕК не ги коментира осомничените извршители на нападите. Различни хакери се служат со еднакви средства и методи со користење анонимни сервери, наведе за ФТ, портпаролка на ЕК.

Би можело да ве интересира

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина