ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Од:

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека привела двајца жители на регионот Нижни Новгород за подготовка на терористички напад во близина на железничката инфраструктура, за паричен надомест од Службата за безбедност на Украина (СБУ).

„Во подготовка за извршување на кривичното дело, пријавените извршиле извидување на инфраструктурни објекти за транспорт и набавиле и подготвиле делови за рачно изработена запалива направа, кои биле запленети при претрес во нивниот живеалиште“, се вели во соопштението на ФСБ, пренесува РИА Новости.

Се додава дека е утврдено дека обвинетите биле регрутирани од претставници на СБУ за „вршење саботажни и терористички активности на објекти на железничката инфраструктура“.

Во видеото што го сподели ФСБ, еден од обвинетите објаснуваат дека тој и неговата партнерка барале работа кога маж ги контактирал преку платформата Телеграм.

Би можело да ве интересира

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија

На Крим приведен неонацист осомничен за планирање терористички напад

Русија: Треба привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД или европските земји

Спречен терористички напад во административни згради во Москва

Горан Наумовски