На Крим приведен неонацист осомничен за планирање терористички напад

Од:

Припадниците на Федералната служба за безбедност (ФСБ) приведоа 18-годишен жител на Крим осомничен за напади врз граѓани, оштетување на имот и планирање да запали џамија.

Според властите, уапсениот бил поддржувач на терористичка неонацистичка организација и одржувал контакт со водачот на екстремистичка група од Украина, кој му наредил да запали џамија за 1.000 долари, пренесе ТАСС. При увидот кај осомничениот биле пронајдени молотови коктели, ножеви, бибер спреј, зелена аеросолна боја и комуникациска опрема.

Утврдено е и дека има Телеграм канал со антируска и неонацистичка ориентација. Инспекторите откриле дека осомничениот учествувал во насилни акции и доставувал молотови коктели и други предмети на локалните жители преку скривалиште во замена за парична награда платена во криптовалута.

Би можело да ве интересира

Москва: Спречен е напад на Киев врз руски воени аеродроми

ФСБ: Спречен е атентат врз висок функционер во Министерството за одбрана на Русија

ВИДЕО: Прогласена вонредна состојба на Крим

Катерина Ѓуровски

Четворица загинаа, 28 се повредени во напад со украински дрон на Крим

Спречени се терористички напади во Русија, уапсени се тројца осомничени

ФСБ: Русин е уапсен под сомнение за шпионажа за Украина