ФСБ: Спречен е атентат врз висок функционер во Министерството за одбрана на Русија

Од:

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денес објави дека спречила планиран терористички напад врз висок функционер на руското Министерство за одбрана во Москва и уапсила 25-годишен руска државјанка осомничена за соработка со украинските специјални служби.

Според ФСБ, осомничената била регрутиран од украинските служби во 2024 година за да собира разузнавачки информации и да идентификува локации во Москва и Санкт Петербург што би можеле да се користат за извршување напади, објави Спутник.

Руската служба соопшти дека украинска оперативка била во романтична врска со неа, па и ветила дека ќе ја продолжи врската во Украина по завршувањето на задачата.

Според соопштението, жената изнајмила стан во Москва во март 2026 година, каде што инсталирала камери за пренесување сигнали до Украина со цел да ги следи движењата на воено лице.

Според ФСБ, таа подготвила услови за непосредниот извршител на нападот да остане во истиот стан.

ФСБ тврди дека извршилетот по извршувањето на задачата требало да ја напушти Русија и да замине во Украина преку Турција и Молдавија.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина

Порака на Мерц до САД: Замрзнатите руски пари остануваат во Европа

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски

Украина ги обнови воздушните операции, Москва и Санкт Петербург се главните цели

Русија се закани: Ќе го поделиме Киев

(ВИДЕО) Нов бран разорни напади врз Украина: Најмалку осум загинати, погодени се и трговски центри