ВИДЕО: Дел од Крим без струја поради украинските напади, храна се дели на улиците

Од:

Во кримскиот град Масандра, жителите кои останаа без електрична енергија поради украинските напади чекаат во ред за топол оброк. Храната се подготвува на улица, во големи тенџериња поставени на отворено, објавува Ројтерс.

Градовите низ Крим, полуостров анектиран од Русија во 2014 година, се соочуваат со проблеми со снабдувањето со гориво поголемиот дел од летото поради украинските напади врз електраните и другата инфраструктура.

Украина, чии градови се под постојани руски напади од почетокот на инвазијата во 2022 година, вели дека „ја носи војната дома во Русија“ и ги засилува нападите длабоко на руска територија и во областите контролирани од Москва.

Шефицата на градската администрација на Масандра, Оксана Маџуд, вели дека нејзиниот персонал опслужува околу 200 луѓе дневно. Менито вклучува хељда со загреано конзервирано говедско месо. „Подготвуваме топли оброци за луѓето бидејќи во сегашните околности не секој има можност да готви на електрични шпорети“, објасни таа.

Би можело да ве интересира

Кремљ ги отфрли најновите предлози за мир во Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Еден од најжестоките руски напади на Киев во последно време, Трамп најавува дека крајот е блиску

ВИДЕО: Виткоф му рече на Путин дека е хуманитарец

Рускиот дизел утре тргнува за Америка

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

ВИДЕО: Руски дрон се заби директно во зграда во Киев, има жртви и повредени

Катерина Ѓуровски