ФСБ приведе научникот под сомнение за велепредавство

Од:

ФСБ на Русија приведе научник во Москва под сомнение за велепредавство, се вели во соопштението на разузнавачката служба.

ФСБ не го именуваше научникот за кој рече дека извршил напади со одбивање на услуга (DDoS) врз клучната инфраструктура во име на украинските безбедносни служби.

Руската разузнавачка агенција соопшти дека научникот испратил пари и до украинската војска и собирал информации за руските вооружени сили. Според ФСБ, осомничениот ги признал злосторствата.

Засега не е јасно кога се случиле апсењата. Руските медиуми објавија снимка на која се гледа апсењето на мажот во снежниот град, што сугерира дека оттогаш поминало некое време.

Осорожно новости, канал на комуникациската платформа Телеграм што ја следи руската политика, го идентификуваше научникот како Артјом Хорошилов, физичар за кој претходно објави новинската агенција РИА дека бил уапсен под сомнение дека извршил DDoS напад во декември 2023 година.

Би можело да ве интересира

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија

На Крим приведен неонацист осомничен за планирање терористички напад

Русија: Треба привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД или европските земји

Спречен терористички напад во административни згради во Москва

Горан Наумовски