Фридом хаус: Лондон им продава шпионски софтер на „репресивните земји“

Од:

Фридом хаус објави дека Велика Британија им продава уреди за прислушување, шпионски софтвер и друга опрема за пресретнување на телекомуникациите на „репресивните“ држави, меѓу кои Саудиска Арабија, Кина, Обединети Арапски Емирати и Бахреин.

– И покај законската забрана во Велика Британија за извоз на безбедносна опрема во земји кои би можеле да ја употребат за спроведување на внатрешна репресија, британските министри во последните пет години потпишаа договори во вредност од над 75 милиони британски фунти (околу 95 милиони долари) за извоз на таква опрема во 17 „неслободни“ земји, оценува британската невладина организација.

Според Фридом хаус, ОАЕ имале најголема корист од овие договори, бидејќи вредноста на лицецата што земјата ја доби во 2015 година достигна 11,5 милиони фунти (14,5 милиони долари).

Британскиот весник „Индипенднт“ објави дека Велика Британија се стекнала со репутација на земја која не спроведува соодветни проверки за тоа на кого продава оружје, а опозициската Лабуристичка партија побара од Владата да покаже дека работи на почитување на правилата кои самата си ги постави против вооружување на диктатори.

– Владата има законска и морална должност да се осигура дека извозот од Британија кон други земји не се користи за потребите на внатрешна репресија, посебно ако тие држави имаа долга историја на малтретирање на политичките противници и поткопување на демократската слобода, изјави лабуристичката министерка за надворешни работи во сенка Емили Торнбери.

Таа побара под итно да се откие начинот на кој се проценуваат ризиците што можат да настанат при продажба на таква опрема и како истата се користи.

Владата сериозно ги сфаќа своите извозни одговорности и сите извозни дозволи се проценуваат според строгите критериуми за лиценцирање, истакна портпаролот на британската Влада.

Би можело да ве интересира

Таравари по извештајот на „Фридом хаус“: Да се ​​отстрани корупцијата од власта, да се отвори вратата за новата генерација

Пад на Македонија во извештајот на Фридом хаус: Назадување во владеењето на правото и борбата со корупција

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Македонија останува делумно слободна земја според „Фридом хаус“

Катерина Ѓуровски

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја