Епидемијата на ебола во Западна Африка, е најголема опасност од појавата на ХИВ вирусот, соопшти денеска висок американски претставник Томас Фриден.
– Светот треба брзо да реагира, за да не ни се случи „нова СИДА“, рече Фриден, директор на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), на форумот на Светска банка посветен на кризата.
Од избувнувањето на епидемијата на ебола, досега, претежно во Западна Африка починаа најмалку 3.860 луѓе, од кои над 200 беа здравствени работници.