Фрчат откази во фирмата на Маск: Работници останаа без работа во 3 часот наутро

Од:

Голем број вработени на Твитер во текот на денот беа известени дека ќе бидат отпуштени, само една недела откако Маск ја презеде компанијата.

Вработените добија е-пошта со потпис „Вашата улога на Твитер“ во која се информирани дека компанијата ќе помине низ тежок процес на намалување. Твитер во писмото наведува дека канцелариите ќе бидат привремено затворени и дека ќе им биде забранет пристапот до внатрешниот систем.

Веста за отпуштањата ги потврдува претходните шпекулации дека Маск планира да отпушти дури 50 отсто од работната сила на социјалната мрежа, само неколку дена откако стана сопственик на мрежата што ја купи за 44 милијарди.

„За да го вратиме Твитер на нозе, поминуваме низ тежок процес на намалување на нашата работна сила на глобално ниво. Свесни сме дека тоа ќе доведе до бројни последици, но ова е неопходна реформа која се спроведува за да се обезбеди иднината на мрежата“, се наведува во меморандумот.

Сепак, многу вработени беа шокирани од одлуката и тврдат дека штотуку го изгубиле пристапот до системот без јасно известување.

„Само што добив е-пошта во која се вели дека ќе има значителни отпуштања, а потоа околу еден час подоцна го изгубив пристапот до мојата деловна е-пошта и системот“, изјави за Би-Би-Си Сајмон Балман, поранешен менаџер на платформата во Обединетото Кралство.

Поранешните вработени почнаа да споделуваат пораки за взаемна поддршка на Твитер користејќи го хаштагот „OneTeam“.

„Само што изгубив пристап до мојата работна е-пошта. Штета што мораше вака да заврши“, напишал еден од корисниците.

„Ова не изгледа добро. Не можам да се логирам на мојата е-пошта и компјутерот не се вклучувa. Многу сум „благодарна“ што ми се случува ова во 3 часот наутро“.

„Сoувствувам за сите што денеска останаа без работа. Маск ќе изгуби се поради неговите луди идеи. Твитер како што знаеме е мртов“.

Би можело да ве интересира

SpaceX на Маск ја лансираше најмоќната ракета на светот, таа беше изгубена пред крајот на летот

Горан Наумовски

Маск нема да донира пари ниту за Бајден ниту за Трамп

Горан Наумовски

Судот пресуди дека Твитер го прекршил договорот за исплата на бонуси на вработените

Горан Наумовски

Твитер одби да се пребара профилот на Трамп, па заработи парична казна

Горан Наумовски

Од Слупчане не кажаа, 3000 денари за цело село или 3000 денари по куќа ќе плаќаат? – Реакции на социјалните мрежи

Орце Костов

Илон Маск најави промена на логото на Твитер: „Збогум на сите птици“