Францускиот спајдермен закачи знаме на помирувањето во Хонгконг

Од:

Искачувачот Ален Робер, познат по прекарот „француски спајдермен”, денеска се искачи на облакодер од 68 ката во Хонг Конг и постави знаме симбол на помирувањето меѓу Кина и таа област, во мигови кога повеќенеделните протести во тој град траат и не стивнуваат.

Робер знамето го развеа на Ченг Конг центарот, сместен во централниот деловен округ. Авантуристот таму се искачи со голи раце, без заштитен појас.

Платното ги содржи кинеското знаме во левиот агол горе и знамето на Хонг Конг десно од него, а под нив се насликани две раце, жолта и црвена, коишто се ракуваат, на бела површина – која означува мир.

По искачувањето, Робер е уапсен и одведен во полициска станица.

Тој третпат се искачува на оваа зграда на Ченг Конг Холдингс. Во август 2018. му беше забрането и една година не смееше да се качува на зградата.

Во Хонг Конг периодов има масовни демонстрации против Законот за екстрадиција. Тие почнаа во јуни, а во меѓувреме опфатија и на други барања кои на Хонгконѓаните им биле ветени 1997., кога Кина ја презеде таа област којашто претходно беше британска колонија.

Би можело да ве интересира

Исчезнатиот вработен во британската амбасада во Хонг Конг, уапсен во Кина

Ана Ололовска

Демонстрантите ја одбија платформата за дијалог на лидерката на Хонг Конг

Ана Ололовска

Лидерката на Хонг Конг, Кери Лем, најави платформа за дијалог со граѓаните

Ана Ололовска

Илјадници жители на Хонгконг се приклучија на антивладиниот собир

Ана Ололовска

Аеродромот во Хонг Конг повторно затворен, а Кина изведува воена вежба во близина на границата

А1он

Откажани сите летови од аеродрмот во Хонг Конг поради протестите

А1он