(ВИДЕО) Силниот тајфун Саола го погоди Хонг Конг

Од:

Силниот тајфун Саола го погоди Хонг Конг со сета своја сила. Со денови тајфунот се движеше во близина на северните делови на Филипините и донесе бурни ветрови и обилни дождови на најголемиот филипински остров Лузон.

Тајфунот потоа се упати кон југоисточна Кина и во меѓувреме се засили во супер тајфун со ветрови од 250 км/ч.

Денес, овој многу моќен тајфун се пресели над Хонг Конг и погоди повеќе од 30 милиони луѓе, носејќи урагански ветрови, огромни плимни бранови, силен дожд и поплави.

Луѓето беа евакуирани од најкритичните области.

Тајфунот носи се пред себе, налетите на ветрот се над 200 км/ч и ова е најсилниот тајфун во Хонг Конг од 1949 година.

Се стравува од разорните последици од тајфунот, а покрај урагански ветрови се очекуваат и поплави и лизгање на земјиштето, додека повеќеметарски бранови се очекува да ги погодат крајбрежните области.

Тајфунот со сета сила ја зафати и Југоисточна Кина, а од него беа погодени повеќе од сто илјади луѓе.

Сезоната на тајфуните во Кина и Хонг Конг трае од јуни до декември, а најизразена е од јули до ноември, особено во овој дел од годината.

По Хонг Конг, тајфунот Саола ќе го продолжи патувањето низ јужна Кина и ќе стигне до островот Хаинан како тропска бура. И покрај тоа што ќе ослабне, на југот на Кина ќе донесе бурни ветрови, обилни дождови, поплави, порои и одрони.

Би можело да ве интересира

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Хонг Конг: Две лица ги загубија животите во поплавите, повеќе од 100 лица се повредени

По Тајван, тајфунот ја погоди и Кина: Училиштата затворени, летовите откажани

ВИДЕО: Тајфунот фрла девојка на улица, вода продира низ зградите: Драматична снимка од невремето во Хонг Конг

Тајфун во Јапонија и Јужна Кореја, откажани сите летови и возови: Се заканува уште едно невреме